Нашата успешност се темели врз основа на искуствата стекнати од извршување на услугите во областа на хигиената, примена на интернационалните стандарди за квалитет а секако и од кадровската политика која се спроведува со големо внимание по стриктно утврдени правила и нормативи поучени од веќе проверените светски рецепти.
За таа цел Друштвото за хигиенски услуги СЕРТА Скопје своите услуги ги спроведува со помош на својот посветен менаџерски тим и обучени и квалификувани работници кои ги извршуваат своите работни задачи во поедините служби за:
1. Чистење на деловни простории, трговски центри, производни хали (еднократно-генерално, секојдневно-тековно, квартално и со одредени динамики)
2. Машинско перење теписи, канцелариски завеси во сопствениот сервис
3. Хемиско перење на возила во сопствениот сервис и авиони (надворешно и внатрешно)
4. Работа на терен (мобилни екипи) за:
• ЧИСТЕЊЕ НА СТАКЛА на достапни и недостапни височини
• МОНТАЖА НА РЕКЛАМНИ ПАНОА
• ПЕРЕЊЕ ТЕПИСИ и седечки гарнитури на лице место
• ЧИСТЕЊЕ НА ТВРДИ ПОДОВИ (мермер, подни плочки, терацо и др.)
• ЧИСТЕЊЕ НА СТАНОВИ
• ДРУГИ УСЛУГИ
Најголемите резултати кои ги добиваме од нашите услуги се постигнуваат со пермаментна обука и едукација на работниците како и следење на извршените услуги по ISO стандардите (QMS систем за управување со квалитет, ISO 9001:2008) за што раководителите имаат можност за брзо интервенирање и секојдневно следење на севкупните ситуации, а се со цел за подобрување на ефикасноста и квалитетот при работата.
Раководниот тим на СЕРТА Скопје, посветува големо внимание на кадровската структура и организациона поставеност во друштвото како најосновни сегменти за успешно остварување на своите поставени задачи со континуирана едукација на сите структури во претпријатието.
Своите менаџерски и организациски способности нашето претпријатие ги усовршува, негува и развива од самиот почеток на делување со најразлични методи и начини на пратење на интернационалните трендови, саеми и презентации а стекнатото искуство беше заокружено со деловна соработка со консултанската куќа “Dynamic Consulting” , како за начинот на деловно работење така и за припрема на нашето друштво за спроведување на ISO стандардите.
Поведени од стручните совети на консултантите е создадена организациска структура на друштвото која пермаментно се дополнува и надоградува по највисоки стандарди од оваа област.