Slideshow Image 1 Slideshow Image 2 Slideshow Image 3 Slideshow Image 4 Slideshow Image 5

Тековно одржување на хигиена

- Станбени простори
- Хотели
- Болници
- Резиденции и амбасади
- Ентериер, опрема и мебел, екстериер и фасади
Нашата компанија работи со најсовремена опрема и средства по европски стандарди со гаранција за квалитет и ги задоволува и најстрогите критериуми за хигиена во сите тестови
Опремени сме со опрема од најновата генерација, како и најдобрите средства за чистење:
- Машини за чистење подови
- Правосмукалки
- Скали и скелиња
- Опрема за работа на височина
- Машини за чистење под висок притисок
- Останат ситен алат и прибор
- Еколошки хемиски средства за чистење



Перење на меки и тврди подови



   Меки подови

Машинско перење на теписони, стази, килими и сите видови на меки подни облоги кои се перат со машини и средства од најновата генерација. Користиме исклучиво професионални хемиски средства од познати производители. Процесот на перење е во целост прилагоден со работното време на нарачателот (Викенд, ноќно време)

   Тврди подови

Машинско чистење на мермер, гранит, камен, керамика, пвц, гума и останати видови на подови кои се чистат со наменски-професионални машини. Овие подови се чистат до висок сјај, со нанесување на 2-3 слоја специјална заштитна емулзија со што се постигнува заштита на подните површини од оштетување а истовремено се олеснува нивното понатамошно одржување.


Перење фасади

СЕРТА користи наменска-професионална опрема од познати светски производители, а сите работи ги извршува специјално обучена екипа работници. СЕРТА исто така нуди и услуги за чистење на сите видови фасадни површини (стаклени, камени, од гранит...).


Амбасади и резиденции

Како посебен сектор во нашата понуда за одржување хигиена, формирани се екипи за работа на дипломатски, конзуларни и резиденцијални објекти во Република Македонија.
За овие објекти, под посебен режим за работа, надзор и организација, ангажирани се проверени и искусни работници.


Хотели

Комплетно тековно одржување:
Ентериер
Опрема и мебел
Екстериер
Фасада
Овозможуваме: Избор на работно време, опис на работа, динамика, предвидување на трошоци, набавка на материјали.


Возила

Внатрешно хемиско чистење и надворешно перење на сите видови моторни возила, автомобили, автобуси, камиони како и чистење на авиони на лице место.


Wap Машини

Дистрибутерство на WAP машините и средства за одржување хигиена и сите филтерни кеси за сите видови правосмукалки.


Монтажа на билборди

Монтажа на рекламни паноа и билборди на лесно и тешко достапни места и височини.

УСЛУГИ

Нашата успешност се темели врз основа на искуствата стекнати од извршување на услугите во областа на хигиената, примена на интернационалните стандарди за квалитет а секако и од кадровската политика која се спроведува со големо внимание по стриктно утврдени правила и нормативи поучени од веќе проверените светски рецепти.
За таа цел Друштвото за хигиенски услуги СЕРТА Скопје своите услуги ги спроведува со помош на својот посветен менаџерски тим и обучени и квалификувани работници кои ги извршуваат своите работни задачи во поедините служби за:
1. Чистење на деловни простории, трговски центри, производни хали
- еднократно-генерално,
- секојдневно-тековно,
- квартално и со одредени динамики
2. Машинско перење теписи и сите видови канцелариски завеси во сопствениот сервис
3. Хемиско перење на возила во сопствениот сервис и авиони на лице место (надворешно и внатрешно)
4. Работа на терен (мобилни екипи) за:
- ЧИСТЕЊЕ НА СТАКЛА на достапни и недостапни височини
- МОНТАЖА НА РЕКЛАМНИ ПАНОА
- ПЕРЕЊЕ ТЕПИСИ и седечки гарнитури на лице место
- ЧИСТЕЊЕ НА ТВРДИ ПОДОВИ (мермер, подни плочки, терацо и др.)
- ЧИСТЕЊЕ НА СТАНОВИ И РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИ ОБЈЕКТИ
- ДРУГИ УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА ХИГИЕНАТА