Повеќе од 18 години нашата компанија е синоним за професионалност, ефикасност и беспрекорност во извршување на услугите од областа за одрување хигиена. СЕРТА е првата компанија за хигиенски услуги во Македонија која го примени стандардот за квалитет ISO 9001:2008 во своето работење. Ние во нашата компанија сме целосно подготвени и посветени да им одговориме на сите барања и потреби на нашите клиенти во сферата на хигиената со тоа што ги нудиме сите решенија за беспрекорна чистота, било тоа да е Вашиот деловен простор или Вашиот дом. Ние силно веруваме дека чистотата е професионалност и затоа веруваме дека е многу битен дел од вашето секојдневие.
Серта е специјализирана компанија за чистење која своите услуги ги извршува со професионални машини, алати и прибори од познати светски производители: WAP-Германија, KERCHER-Германија, ElektroMachinen-Германија, TASKI-USA, 3M-USA , TTS-Италија , IPC Euromop-Италија. Истовремено нашата компанија е овластен дистрибутер за WAP машините и средства.
Нашата компанија своите услуги им ги нуди на повеќе реномирани компании со кои има склучено и годишни договори за редовно тековно одрзување меѓу кои се: Т-Мобиле Македонија, Комерцијална Банка АД, ЈИЕ Универзитет-Тетово и Скопје, Макпетрол АД, Шпаркасе (Инвест) Банка АД, Прилепска пиварница АД, Царинска Управа на РМ, АД Елем, Мепсо АД, Штедилница Можности, Сокотаб, Неоком АД, Фершпед АД, ЕВН и многу други домашни и странски претставништва, Болници и организации.
Успешната соработка со нашите многубројни клиенти се должи на нашиот професионализам, ефикасност, брзина и постојаното следење и примена на светските трендови во областа на хигиената.
Друштвото за хигиенски услуги СЕРТА Скопје делува и работи на нашите простори и поблиското опкружување од 1993 година, во областа на одржување на хигиената (шифра на дејност 81.22) на деловни простории и објекти. Во текот на овој осумнаесет годишен период од својот развој со помош на обучениот и посветен менаџерски тим СЕРТА Скопје е прва компанија со ваква дејност во нашата држава која веке шест години има воспоставено QMS систем за управување со квалитет по барањата на највисоките меѓународни стандарди ISO 9001:2008 издаден од светската реномирана компанија AQA International LLC (USA) .Бидејки работната околина, како и животната средина претставуваат дел од глобалната грижа за секојдневното живеење и работа, нашата компанијата за таа цел од неодамна го имплементира и системот за заштита и управување со животната средина по барањата на стандардот ISO 14001:2004. Основна карактеристика на СЕРТА Скопје е подготвеноста да одговори:- квалитетно, мобилно и ефикасно- на сите побарани услуги за чистење во најкраток временски период со помош на:- современиот машински парк, алати и прибори- средства од реномирани производители- обученоста и квалификуваноста на работниците и можноста за нивно комбинирање од поедините служби и екипи за работа во временски период од 24 часа. Сето ова секако ни овозможува генерални и парцијални чистења на голем број на презентативни-трговски центри и фабрички-производни објекти со многу големи површини на нашиот пазар. Особено би сакале да нагласиме дека Друштвото за хигиенски услуги СЕРТА Скопје во своето работење има остварено значајни успеси со модели на соработка за превземање на целосната функцијата за одржување на хигиената и други несуштински служби.Во своето досегашно постоење и работа Друштвото за хигиенски услуги СЕРТА Скопје во целост е посветена на своите клиенти нудејќи им најсоодветни решенија и разбирање за нивните потреби и барања за почист дом и средина, како и квалитетно и навремено извршување на сите побарани услуги од областа на хигиената со висок квалитет и по определени интернационални стандарди.Нашата основна цел е да ги усогласуваме и применуваме современите организациски, техничко-технолошки начини на работа со условите на нашите простори и врз основа на висок квалитет и професионалност да го одржиме и зголемиме рејтингот и имиџот за единствено претпријатие кое е најдобро решение за било која потреба од областа на хигиената.